Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини со Амбасадорката на Австралија Н. Е. Рут Стјуарт

2На 29 август, 2019 година министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини одржа средба со Амбасадорката на Австралија Н. Е. Рут Стјуарт.

На средбата дискусијата беше насочена кон разгледување на можности за пренесување на искуства од страна на Австралија во деконтаминирање на загадени површини . Исто така, Австралија како член во Комитет за Светско наследство на УНЕСКО,  ја поддржува Владата на Република Северна Македонија во напорите за имплементирање на плановите за заштита на Охридкото Езеро.

Министерот Нуредини се заблагодари на Амбасадорката за поддршката и ги образложи активностите и плановите на Владата на Република Северна Македонија за наведените теми.

Aмбасадорот Стјуарт се заблагодари за детално образложените планови и активности на Владата на Република Северна Македонија од страна на министерот Нуредини.