Отворен вториот јавен повик „О2 Предизвик 2“ за справување со климатските промени

Отворен вториот јавен повик „О2 Предизвик 2“ за справување со климатските промениСправувањето со климатските промени е темата на вториот јавен повик „02 Предизвик 2“, кој го иницира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Предизвикот има за цел да го подигне нивото на иновативност преку обезбедување на финансиска поддршка за активности кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови или придонесуваат кон подобрување на отпорноста кон климатските промени.

Со предизвикот се опфатени областите: енергетика, индустрија, транспорт, земјоделие, шумарство, здравство, водни ресурси, туризам, културно наследство, биолошка разновидност, намалување на ризици од природни и индустриски катастрофи.

Повикот е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да развијат иновативен производи, услуга или процес, сами или преку конзорциум.

Идејата, исто така, е да се стави акцент на младите за да се поттикнат младите иноватори и истражувачи да бидат проактивни и во што поголем број да се пријават со нивните иновативни идеи. Од таа причина, инфо сесијата  ја отворија учениците од ДГСУЦ „Раде Јовчевски Корчагин“.

На инфо сесијата за „О2 Предизвик 2“ свое обраќање имаше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули кој истакна дека глобалниот притисок на граѓанските организации и граѓаните во цел свет е на изнаоѓање на иновативни решенија од страна на компаниите кои имаат и поголема инвестициона и иновативна моќ отколку државните институции. Тој додаде и дека досега реализираните проекти финансирани преку првиот „02 Предизвик“ покажаа одлични резултати и затоа МЖСПП продолжува со својата поддршка и на овој отворен повик за справување со климатските промени.

На присутните им се обратија и директорот на ФИТР Јован Деспотовски кој информираше дека е во тек е реализација на идејата за формирање на регионален фонд за иновации и инвестиции на земјите од Југоисточна Европа, кој финансиски ќе биде подржан од УНДП, како и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан која упати јавна покана за вклучување во предизвикот бидејќи во надминувањето на климатските промени секоја идеја е важна.

Отворениот повик за справување со климатските промени „02 Предизвик“, трае до 15 април и истиот може да се најде на следниот линк  http://www.fitr.mk/predizvikklimatski/