Остварена средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини со австриската амбасадорка Ренате Коблер

nuredini_ambasador_avstrija1Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со aмбасадорката на Австрија Н. Е. Ренате Коблер.

На средбата се дискутираше за досегашната соработка и помош од страна на Австрија, за учество на австриски компании во имплементирање на регионални проекти од областа на управување со водите и управување со отпадот. Конкретно, се дискутираше за тековните активности: во ЕУ проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во делот за квалитет на води“ каде партнерска институција е Агенција за животна средина на Австрија, UNDP/GEFпроектот за подготовка на План за управување со басенот на Дрим каде Австриската Агенција за развој финансира дел од активноста и имплементација на ЕУ проектот – „Партнерска програма за животна средина за пристапување кон ЕУ за Западен Балкан и Турција “ каде повторно Агенцијата за животна средина на Австрија се јавува како институција која треба да ги исполни барањата за имплементација на оваа активност.[su_custom_gallery source=”media: 17750,17751″ limit=”10″ link=”image” target=”blank” title=”never”

Министерот Нуредини потенцираше дека искуството на Австрија во овие области е многу значајно за Република Северна Македонија, особено за долгорчни прекугранични и регионални проекти. Исто така, потенцираше дека Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено и транспарентно за идна реализација не само на постоечките туку и на нови заеднички проекти од областа на животната средина меѓу институциите на двете земји, на патот на Република Северна Македонија кон ЕУ.