Остварена средба на министерот Амети со француската амбасадорка Оер

IMG_2955(26.04.2016)  Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети оствари работна средба со амбасадорката на Франција во Македонија Н.Е. Лоренс Оер.

На оваа првична и протоколарна средба, се разговараше за досегашната добра соработка што ја има Министерството за животна средина и просторно планирање и Амбасадата на Франција во Македонија.

Во разговорите се посебно се нагласи добрата соработка во областа на климатските промени и во областа на третирањето на отпадните води, а се зборуваше и за можната идна соработка во областа на подигнувањето на јавната свест и зголемување на визибилноста на заедничкото работење, како и можност за реализација на поконкретни проекти во насока на унапредување на животната средина.