Одржана завршна конференција на проектот: „Управување со процесот на пристапување кон ЕУ за секторот животна средина“

DSC_0167Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ибританскиот амбасадор H.E. Едмунд Чарлс Гарет се обратија на отварањето на завршната конференција на проектот: „Управување со процесот на пристапување кон ЕУ за секторот животна средина“што е поддржан од Британската амбасада.

Во своето излагање, министерот Изаири истакна дека е подготвена анализа на недостатоците и се идентификувани потребите од техничка помош во секторот животна средина и климатски акции, а резултатите се сумирани во документот насловен “Анализа на потребите за помош за пристапување кон ЕУ”, кој ќе биде објавен на веб страницата на Министерството. Документот ги идентификува потребите кои ќе бидат поддржани преку помошта на ЕУ обезбедена преку Инструментот за претпристапна помош за планирачкиот период 2014-2020, како и потребите за кои е неопходна помош од други донатори, а истовремено претставува и патоказ за акциите што треба да се преземат во иднина при спроведувањето на законодавството.

Како области за кои е потребна најголема помош идентификувани се областите: управување со водите, што е поврзано со изградба на пречистителни станици за секое населено место со над 2.000 жители, и управување со отпадот каде најголеми средства треба да се одвојат за изградба на депонии за отпад.