Нурхан Изаири: Општина Желино добар пример на доследно и навремено спроведување на сите предвидени еколошки проекти

zelino1

(08.01.2016) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, во рамки на активностите за продлабочување на соработката со локалните самоуправи во заштитата на животната средина ја посети општина Желино при што оствари работна средба со градоначалникот Фатмир Изаири и со раководниот кадар во општината.

Изразувајќи задоволство од досегашната соработка со оваа локална самоуправа, министерот Изаири нагласи дека општина Желино е една од најпосветените општини во решавање на проблемите во животната средина и е добар пример на доследно и навремено спроведување на сите предвидени еколошки проекти.

Како резултат на заеднички активности досега се реализирани проектите за изградба на фекална канализација во н.м. Желино, потоа во н. м. Стримница, а од недодамна и во н.м. Палатица и Требоште. Исто така, на иницијатива на градоначалникот Фатмир Изаири се разгледуваше предлогот за вклучување на општина Желино во регионалниот водоснабдителен систем кој ќе опфаќа четири опшини од Полошкиот регион со што трајно би се решил проблемот со водоснабдување на населението од овој регион со квалитетна вода за пиење. Разгледани се и можности за обезбедување на дополнителни финансиски извори неопходни за реализација на проектот.

Заокружувајќи ја проблематиката со водоснабдувањето и со канализационата мрежа, донесен е заеднички заклучок дека во наредниот период треба да се размислува за реализација на пречистителна станица за отпадните води со што комплетно би решиле проблемите во областа на третман на водите.

Како посебна точка беше разгледано и прашањето за регионалната депонија за комунален отпад кон која треба да се вклучи и општина Желино.