Нуредини на Регионалната конференција БАЛКАНСКИ ВОЗДУХ меѓу два огна

dve-vatre-05-2048x1280Под наслов „БАЛКАНСКИОТ ВОЗДУХ ПОМЕЃУ ДВА ОГНА“ вчера и денес се одржува Регионалната конференција за решенија за загадување на воздухот на Балканот, на која како панелист учестувуваше и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Како се канализираа активностите на МЖСПП, на Владата на РСМ и на градовите кои беа први на листата на загаденост со ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките во изминатата година, а пред се како се спроведуваше акцијата за промена на начините на затоплување во 10 000 домаќинства, во 4 града во државава, со какви предизвици се соочија и кога и какви резултати можат да се очекуваат, беа теми на кои министерот Нуреди ги сподели нашите искуства со другите држави во регионот.
Енергетската сиромаштија, неефикасното затоплување со печки и огревен материјал со лош квалитет и потребата во континуитет да се прави промена во начинот на затоплување на домаќинствата како можност за сериозно подобрување на квалитетот на воздухот се потврдија како генерално прифатени ставови во регионот.