Министерoт Изаири во Гевгелија на работна средба со градоначалникот Франгов

(27.08.2015г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска, во општина Гевгелија, оствари средба со градоначалникот Иван Франгов на која разговараа за тековните и идните активности за изградба на пречистителната станица во Гевгелија. 

Вкупната вредност на овој проект изнесува 9,6 милиони евра и се реализира со финансиска поддршка од македонската, грчката и швајцарската влада.

Проектот е кофинансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Гевгелија

Во рамки на посетата, министерот го посети и прифатниот камп за мигранти во Гевгелија, каде одблизу се запозна со состојбата на бегалската криза.