Министерот Садула Дураки оствари средба со амбасадорот на Албанија, Фатос Река

DurakiReka(15.06.2017г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска оствари протоколарна средба со амасадорот на Албанија во Р.Македонија Фатос Река.

На оваа прва средба, министерот Дураки и амбасадорот Река оценија дека соработката меѓу двете држави во областа животна средина е одлична и дека како таква треба да продолжи и во иднина.

Министерот Дураки нагласи дека Македонија и Албанија потпишале неколку билатерални договори во областа животна средина што сведочи за добрата взаемна соработка. Според него, од посебно значење е напредокот на билатералната соработка во делот на управувањето со водите, а во постапка е потпишување на договор меѓу Владата на РМ и Советот на министрите на Р. Албанија за меѓусебните односи за управување со прекуграничните водни ресурси.IMG_4968

Амбасадорот Река му честиташе на министерот Дураки за неговото именување за министер за животна средина и просторно планирање. Воедно тој изрази подготвеност за продлабочување на взаемната соработка и нагласи дека е потребно да се интензивира реализацијата на заедничките проекти.