Министерот Изаири се сретна со германскиот амбасадор Алтхаузер

(25.03.2015г.) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, оствари работна средба со амбасадорот на Германија во Р. Македонија, Н.Е. Кристине Д. Алтхаузер.

germanska ambasada   germanska ambasada 1
На состанокот, министерот Изаири и германската амбасадорка Алтхаузер ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката меѓу двете држави во областа заштита на животната средина, изразувајќи подготвеност за заедничка реализација на можни проекти.

Министерот Изаири, истовремено, и` изрази сочувство на амбасадорката поради загинувањето на германските патници при вчерашното уривање на авионот на компанијата „Германвингс“.