Министерот Изаири на конференција за користење на отпадот како инвестициска можност во Р. Македонија

1_(21.10.2015г.) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири се обрати наотворањето на конференцијата на тема: „Искористување на отпадот како инвестициска можност во Македонија“,која е во организација на Македонската Асоцијација за управување со цврст отпад- МаСВА.

Министерот Изаири изрази задоволство што на оваа меѓународна конференција ќе се дискутира за управување со отпадот од перспектива на користење на отпадот како инвестициска можност во Македонија, и која истовремено ќе овозможи размена и на меѓународни искуства и проширување на видиците од областа.

- Се надевам дека денешната конференција ќе придонесе во Македонија да зајакне секторот кој делува во управувањето со отпадот, дека ќе отпочнат мерките за подобрување на состојбите и дека ќе ги поттикне сите чинители од кои зависи успешната и практична имплементација на поставените цели и политики – истакна тој во своето обраќање.

На конференцијата, според зборовите на преседателот на МаСВА Даниела Нелепа, присуствуваа 14 странски експерти од областа, но и домашни и меѓународни научници, бизнисмени и претставници на локалните власти од земјите членки на ЕУ, кои во рамки на трите конференциски сесии, ги изнесоа своите гледишта за најновите научни и технолошки достигнувања во доменот на управување со отпад.