Министерот Дураки оствари средба со министерката за животна средина од Косово

3 (1)Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки денеска оствари работна средба со министерката за животна среднина и просторно планирање на Република Косово, Албена Решитај.

На средбата се дискутираше за досегашната добра соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Косово во областа на заштитата на животната средина, како и за резултатите од досега реализираните проекти и програми помеѓу двете држави.

Притоа, двете страни разменија информации и искуства од повеќе области, меѓу кои заштита на природата, управувањето со отпадот, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, како и заштита на водите.

1 (1)Разговаравме за природата и за прогласување на Шар Планина за национален парк. Косово тоа веќе го има, а наскоро ќе биде и кај нас. Се очекува соработка за оваа тема меѓу двете држави. Разговаравме и за проблемите кои се однесуваат на водите, за реката Лепенец и за проблемите со воздухот – изјави министерот Дураки по средбата.

Бидејќи двете држави имаат за цел членство во ЕУ, и двете страни искажаа подготвеност за здружување во тие заложби со што ќе го олеснат самиот процес, како на двете држави така и на целиот регион остварувајќи ја заедничката цел – чиста и здрава животна средина.
Нашата цел, на двете држави, е интеграција во ЕУ и ова ни е прилика за понатаму да ја развиваме нашата соработка и така заедно кон ЕУ- истакна Решитај.