Министерот Амети оствари средба со унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс

ungarski-ambasador-vo-mzspp_4(15.09.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска, оствари прва работна средба со новиот aмбасадор на Унгарија во Р. Македонија, Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

На средбата се разменија мислења за состојбите во животната средина и  искуства во надминување на предизвиците со кои соочуваме во оваа област.

Министерот Амети и амбасадорот Дукс  изразија взаемно задоволство од досегашната добра соработка на двете држави во заштитата на животната средина и ги разгледаа можностите за нејзино унапредување.