Министерот Амети оствари работна средба со амбасадорот на Франција Тимоние

bashkim-ameti1(07.10.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска, оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние. На средбата се дискутираше за позитивните резултати што произлегоа од досегашнатаодлична соработка меѓу двете држави на полето на животната средина.

Посебен акцент беше ставен на заедничките активности во областа на климатските промени и Парискиот договор, но се разгледуваа и можностите за отварање на соработка и во другите области на заштита на животната средина и природните ресурси.

Министерот Амети посакуваќи му успешна дипломатска мисија на новоименуваниот француски амбасадор во нашата држава, изрази уверување дека добрата соработката меѓу двете држиви на оваа поле не само што ќе продолжи туку и ќе се унапреди.