Министерот Амети засади дрва во дворот на ОУ „Пашко Васа“

(21.03.2017г.) Денеска, по повод одбележувањето на Денот на пролетта, министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ја посети општина Желино. Министерот Амети заедно со градоначалникот на о. Желино Фатмир Изаири засадија садници во училишниот двор на основното училиште „Пашко Васа“ во с. Групчин. Активности за чистење, уредување и засадување на садници се спроведоа во сите училишта во општината.