МЖСПП преземa превентивни мерки за заштита

Министерство за животна средина и просторно планирање, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, спроведува превентивна мерка за избегнување физичко присуство во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање. Тоа е во согласност со вонредните мерки што ги воведе Владата на РСМ за период од 14 дена. Во таа насока, препорачуваме да се сведат на минимум сите состаноци и да намалат сите директни контакти и воедно апелираме до сите корисници на услуги и информации од Министерството да не доаѓаат во просториите на МЖСПП туку да се обратат телефонски на: 02 3225 237 или на маил адреса: skj.mzspp@gmail.com или infoeko@moepp.gov.mk .