МЕЃУНАРОДЕН ФОТО- КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ЗАШТИТА НА ОЗОНСКАТА ОБВИВКА

Драги пријатели на фотографирањето,

International Photo contest

Би сакале да Ве поканиме да земете учество во Меѓународниот фотоконкурс и да испратите фотографии поврзани со:

  1. “Климатски промени во моите очи”
  2. “Озонската обвивка и јас”

Апликацијата треба да биде поднесена најкасно до 15ти август, 2017, 18:00 часот (Ташкент, GMT+5) на info@envcontest.uz. За детални информации, Ве молиме посетете ја веб-страната на Меѓународниот фотоконкурс:http://www.envcontest.uz

ЦЕЛ

Меѓународниот фото-конкурс е организиран за да се подигне јавната свест за прашањата околу климатските промени и заштитата на озонската обвивка и да се промовира внимателен став кон животната средина во целиот свет.

УЧЕСНИЦИ

Меѓународниот фотоконкурс е отворен за сите професионални и аматерски фотографи низ целиот свет. Учеството на жените и младите посебно се охрабрува.

КАТЕГОРИИ

Меѓународниот фотоконкурс се одржува во 2 категории:

  1. “Климатски промени во моите очи”
  2. “Озонската обвивка и јас”

ПРАВИЛА

Секој учесник може да испрати само 1 фотографија за секоја категорија.

Фотографиите во категоријата “Климатски промени во моите очи” може да:

-       Покажуваат/ги оцртуваат знаците на климатските промени,

-       Прикажуваат мерки за адаптација на климатските промени,

-       Наведуваат мерки насочени кон ублажување на климатските промени, итн.

Фотографиите во категоријата “Озонската обвивка и јас” може да:

-       Покажуваат влијание на озонската обвивка врз животот во светот,

-       Демонстрираат мерки насочени кон заштита на озонската обвивка, итн.
Креативен пристап во откривањето на темите во секоја од овие категории е добредојден.
Секоја фотографија мора да биде придружена со прописно пополнет формулар за апликација на англиски јазик и да ги исполни барањата поставени во деловите “Барања за фотографии” и “Други барања” од формуларот за апликација. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на Меѓународниот фотоконкурс http://www.envcontest.uz.

НАГРАДИ И СЕРТИФИКАТИ

Ќе има 6 победници на Меѓународниот фотоконкурс, кои ќе добијат награди од страна на организаторите.

Награди за првата категорија – “Климатски промени во моите очи”:

Прво место – фотоапарат;

Второ место – таблет компјутер;

Трето место – мобилен телефон.
Награди за втората категорија – “Озонската обвивка и јас”:

Прво место – фотоапарат;

Второ место – таблет компјутер;

Трето место – мобилен телефон.

Дополнително, еден победник во специјалната номинација “Жените и озонската обвивка” ќе добие награда подготвена од Истанбулскиот регионален центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Авторите на 20-те најдобри фотографии ќе добијат сертификати од страна на организаторите.

КЛУЧНИ ДАТУМИ

јули 10, 2017 Официјално отворање на Меѓународниот фотоконкурс
јули 10 – август 15, 2017 Поднесување фотографии и апликации
август 15, 2017 Пред-избор на фотографии, ако вкупниот број на фотографии добиени надминува 100.
август 15 – август 25, 2017 Онлајн гласање за претходно избрани 100 фотографии, на http://www.envcontest.uz и идентификација на најдобрите 20 фотографии.
август 25, 2017 Избор на победниците на Меѓународниот фотоконкурс од страна на жирито.
септември 11, 2017 Изложба на фотографии во Ташкент и најава на победниците на Меѓународниот фотоконкурс.

За сите дополнителни информации погледнете го официјалното известување на англиски јазик.