Макрадули учествуваше на средба на високо ниво и конференција за регионална имплементација на Парискиот Договор за клима

Makraduli_sredbazaklimaЗаменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули учествуваше на средбата на високи претставници на државите од Западен Балкан, Турција и земјите на ЕУ, која се одржуваше од 7 до 9 февруари во Подгорица, Црна Гора. На средбата се разговараше за активностите за спроведување на Парискиот договор за климатски промени, како дел од проектот “Техничка помош кон спроведувањето на Парискиот договор“. Конференцијата и работилницата на високо ниво се фокусираа на клучните меѓународни случувања и улогата на националните системи во долгорочното планирање на политиката за климата.

На средбата, заменик министерот истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Македонија се силно посветени на глобалните напори за справување со климатските промени. При тоа Макрадули нагласи дека Министерството ќе продолжи тесно да ги координира сите активности поврзани со климата и со обезбедувањето на силна поддршка за сите клучни играчи во државата.

Тој истакна дека Владата е посветена на #КлиматскаАкција, но и дека ќе мора да се отклучат повеќе механизми за дополнителна поддршка, и технички и финансиски, со цел да се реализираат планираните активности во нашите стратешки документи за климатски промени.

Макрадули потенцираше дека државите од Западен Балкан секогаш имале и ќе имаат одлична соработка и ќе продолжат да се поддржуваат меѓусебно на патот кон ЕУ и Париз (во смисла за имплементација на Парискиот договор). Според него предизвикот пред нас е потребата од добра организираност во обезбедувањето фокусирана реакција во согласност со обврските и преземањето клучни понатамошни чекори кон трансформативните промени.

Во своето излагање Заменик министерот посочи дека поддршката на ЕУ во искористувањето на нивното искуство ќе го забрза напредокот во спроведувањето на климатските активности во државите корисници на проектот и ќе обезбеди сигурност дека се движат во позитивна насока.

Наштие очекувања, според заманик министерот Макрадули се дека Македонија ќе биде дел од напорите на ЕУ потребни за следното ниво на климатските активности и амбиции.