Макрадули во посета на Меѓународната агенција за атомска енергија

(24.04.2018г.) Денеска, заменик министерот за животна средна и просторно планирање Јани Макрадули престојува во Виена во работна посета на Меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency-IAEA).

Во рамки на посетата заменик министерот Макрадули оствари работна средба со замениците директори за нуклеарна енергија  Михаил Чудаков, за нуклеарна безбедност Хуан Карлос, за техничка соработка Лентихо Дазу Јанг и за нуклеарни науки и примена Алдо Фиљо Малаваси.  Исто така го посети и одделението за Европа/Сектор за Техничка соработка.

На средбите беа акцентирани заеднички активности за заштита на животната средина во делот на менаџирањето на отпадот и спречување на аерозагадувањето. Покрај тоа беа разгледани можности за заеднички проекти за поддршка на лабораторијата на Министерството за животна средина и просторно планирање во делот на мониторирањето со помош на нуклеарни изотопи, како и детекција на тешки метали во структурата на PM 2.5 честички.

За време на престојот во Виена, заменик министертот Макрадули оствари средба и  со Филип Шолц, управен директор на Директоратот за развој на програми и техничка соработка на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации – УНИДО. Покрај разговорите за тековните заеднички активности, на средбата се водеа разговори и за изнаоѓање на начини за поддршка за забрзано решавање на проблемот со контаминација на Линдан на локацијата на ОХИС. Покрај тоа, беа отворени теми за вклучување на градови од Република Македонија во други програми каде УНИДО е партнер, како што се: “Одржливи градови” и “Глобална платформа”.