МАКРАДУЛИ:Македонија има амбициозна агенда за постигнување на целите за клима и енергетика 2030

makraduli_viena1Заменик министерот за животна средина и просторно плнаирање, Јани , од 8-10 октомври престојуваше во Виена на состанок на Втората техничка работна група за енергетика и клима која се одржа во Секретаријатот на Енергетската заедница.

На состанокот беше презентиран и дискутиран Ревидираниот извештај за пресметување на целите и наодите за постигнување на климатски и енергетски цели на Европската енергетска заедница  до 2030 година.

Извештајот има за цел да развие методологија и квантитативна проценка со која ќе се дефинираат можните начини за постигнување на пресметаните цели за енергетска ефиканост, користење на обновливи извори на енергија и намалување на емисиите на  стакленички гасови зацрт ни во рамковниот договор на Енергетската заедница.

При дискусиите во кои покрај претставниците на Договорните страни се вклучија и технички експерти, претставници од Европската комисија и од граѓанското општество, беше истакнато значењето на навременото и усогласено  поставување на целите до 2030 година и се укажа на тоа дека е потребна понатамошна работа на техничко ниво за развој на методологија која соодветно ќе го одразува нивото на еднакви амбиции кон ЕУ.

Договорните страни на Енергетската заедница имаат усвоено Препорака за подготовка за развивање на интегрираните национални енергетски и климатски планови и се започна со  прелиминарни подготовки на нивниот развој.

На настанот, заменик министерот Макрадули информираше за активностите на Република Македонија нагласувајќи дека државата е во фаза на изработка на интегрирана стратегија за енергетика и клима, со јасна визија за исполнување на барањата на таргетите во енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на стакленички гасови, согласно ЕУ стандардите. Според него, Македонија има амбициозна агенда во споредба со другите држави од енергетската заедница .