Македонија без отпад 2015 год.

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Град Скопје и општините во Република Македонија со нивните jaвни претпријатија, и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија Ве поканува на 3-ти октомври 2015 г. (сабота), да се приклучите во големата национална кампања „Македонија без отпад 2015“.

makedonija bez otpad 2015

Активности ќе се спроведуваат на целата територија на државата, при што локациите ќе бидат мапирани на светската мапа.

Централниот настан од кампањата, ќе се спроведе во општина Ѓорче Петров на локација: патека покрај р.Вардар кај пешачкиот мост во близина на „Европската очна болница„ со почеток во 11:00 часот.

Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција – Let’s do it! World 2015, која е и официјално поддржана од Европскиот Парламент.

Активностите се поддржани од голем број институции и организации меѓу кои: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Генерал Штаб на АРМ, Министерство за образование и наука, ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе бидат вклучени и ученици, студенти, активисти на граѓански асоцијации и граѓани.

Приклучете се во чистењето на нашата животна средина!