Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2015 година

Врз основа на член 172 став 1 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 42/14) и Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година (“Службен весник на Република Македонија” бр.198/2014), Министерството за животна средина и просторно планирање објавува

 Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2015 година

1.     Општи одредби

1.1       Распределување на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 годинасе врши по пат на јавен конкурс, којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на бул.Гоце Делчев бр.18 (зграда на МТВ), Скопје (тел: 3251-400 факс:3220-165).

1.2      Опис на конкурсот: “Распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2015 година”, во согласност со член 174 од Законот за животна средина, како и Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година, (“Службен весник на Република Македонија” бр.198/2014).

1.3          Корисници на средствата согласно точка 1 од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година(Изработка на техничка документација и реализирање на проекти и активности за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите во износ од 49.000.000,00 денари) и членовите 173 и 176 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 , 93/13 и 42/14) се општини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје.

1.4         Корисници на средствата согласно точка 4 од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година (Поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата во износ од 4.000.000,00 денари) и членовите 173 и 176 од Законот за животна средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12 , 93/13 и 42/14) се научни и образовни институции.

1.5          Средствата согласно точка 2, 3 и 5 од Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година не се распределуваат во рамките на овој Конкурс.

2.  При оценувањето на програмите, проектите и активностите, жири комисијата ќе ги цени работите согласно член 174 став (2) од Законот за животна средина и ќе ги има во предвид следните критериуми:

-       Да постои техничка и финансиска оправданост на проектот.

-       Интерес и можност за учество на барателот со сопствена контрибуција.

-       Можност на правниот субјект во одржливост на системот.

3. Барањата за распределување на средства заинтересираните субјекти треба да ги достават на образец кој е даден во прилог на овој конкурс и е негов составен дел, а кој ќе биде достапен и во електронска верзија на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk)

Во случај на поднесување на барање за распределба на средства кое се однесува на финансирање на инвестиционен проект, кон барањето треба да биде приложена и комплетната техничка документација/или физибилити студија за проектот, во зависност од фазата на проектот.

4.            Рок и начин на поднесување на барањата за распределување на средства.

-          Рокот на доставување на барањата изнесува 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот во Службен весник на Република Македонија.

-          Доставените барања кои ќе пристигнат по истекот на рокот за доставување и кои нема да бидат во согласност со условите од Конкурсот нема да бидат разгледувани од страна на жири комисијата.

-          Барањата можат да се предадат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот или по пошта на адресата на Министерството, бул. Гоце Делчев бр.18 (зграда на МТВ, 10 спрат), 1000 Скопје.

-          Резултатите од спроведениот конкурс ќе бидат објавени во Службен весник на Рeпублика Македонија.

 

(кликни) ПРИЛОГ

                                                                                                                                        Жири Комисија