И американски експерти ќе вклучат во активностите за подобрување на квалитетот на воздухот

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, оствари средба со заменик шефот на политичката и економската секција во Амбасадата на Соединетите американски држави во РМ, Вероника Скарбороу. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во областа подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Американската амбасада најави можност за обезбедување на експерт кој би помогнал на националниот експертски тим во подобрување и понатамошно развивање на националниот план за заштита на амбиентниот воздух како и развивање и изработка на локалните планови за квалитет на воздухот.