Иновативни идеи во климатскиот предизвик – од реупотреба на вода, до чевлии велосипеди кои произведуваат енергија

DSC_0277(17.04.2015 год.) Вечерва во Иновативниот Центра на Телеком свечено беше одбележан почетокот на Кампот за иновации за климатски променина кој, за време на викендот, ќе се развиваат десетте најдобри идеи од климатскиот предизвик „Твојот град – од тебе зависи“.

Лидерите на избраните идеи ќе работат заедно со менторите, со цел од идеите да се направат  модели и прототипови.Кампот ќе заврши во недела со доделување на награди за два проекти кои ќе покажат најголем потенцијал.

- Справувањето со климатските промени во различни сегменти – мониторинг, проценка на ранливост, адаптација, ублажување бара мобилизација, соработка и координација на национално и локално ниво на сите релевантни субјекти, опфаќајќи ја и единката како микро – елемент на општественото живеење. Тоа е и причината поради која сме сите ние тука денес – да ги слушнеме идеите од граѓаните и нивните иновативни предлози за справување со климатските промени. Од рециклирање на вода до чевли и велосипеди кои произведуваат енергија, широкиот дијапазон на иновативни решенија ќе ни помогне на сите да ги намалиме негативните последици од климатските промени и полесно да се адаптираме. Верувам дека ова е само почеток на една инспиративна соработка и нова ера на користење на иновативни решенија за подобра животна средина-изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отварањето на Кампот.

На свечаниот настан присуствуваа и Луиза Винтон постојан претставник на УНДП во Македонија, Џихан Султаноглу, помошник генерален секретар на ООН и регионален директор на УНДП, Матс Стефансон амбасадор на Шведска, Џејмс Штајн, директорот на УСАИД и Димитар Трајанов декан и лидер на центарот за социјални иноваци.

Предизвикот е организиран од УНДП, Милиеуконтакт Македонија, Амбасадата на Шведска, УСАИД и Центарот за социјални иновации, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.