Инвестиции во чисти технологии и борба против еколошки криминал во Делчево

delcevoДржавниот секретар во Министерството за животна средина и просторно, Ана Петровска оствари работна средба со градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.

На средбата се разговараше за повеќе теми поврзани со унапредување на заштитата на животната средина. Меѓу другото се зборуваше за потребата од спроведување на кампања за подигање на јавната свест во врска со регионалниот систем за управување со отпад што ќе се воспостави со проектот на МЖСПП и ЕУ проектиран во рамки на ИПА Програмата. Во областа на водоснабдување, се потенцираше важноста од замена на азбестните цевки во општината и потребата државата да се вклучи во постапувањето со азбестниот отпад. Исто така, градоначалникот информираше за неодамнешниот помор на риби во реката Брегалница и за спроведениот инспекциски надзор. Иако резултатите од испитувањата на мострите сеуште не се готови, се очекува утврдување на причината и виновникот и негово соодветно санкционирање.

Средбата се реализираше во пресрет на одржувањето на бизнис форумот во Делчево.

Бизнис-форумот е организиран во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ со цел да се претстават можностите за развој и инвестиции што ги нуди Делчево, како и перспективите за развој на општината. На Форумот се слушнаа и предлозите од бизнис-секторот со кои можат да се дореализираат започнатите проекти и да се создадат нови.