Изведбата на водоснабдителниот систем за Тетово се одвива според предвидената динамика

DSC_0778(03.07.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заедно со градоначалничката на Тетово Теута Арифи и со заменик на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери, денеска го посетија локалитетот каде се изведуваат градежни активности за реализација на втората фаза од изградбата на водоснабдителниот систем во Тетово.

Овој дел од водоводот опфаќа осум и пол километарски довод од собирна комора – “Лешница” до собирна комора – “Студена Река”, со што ќе се обезбедат дополнителни 200 литри вода во секунда за жителите на Тетово.

- Проектот е од исклучителна важност за жителите на Тетово и се реализира во целосна согласност со предвидената динамика. Имено, во текот на 2014 година се реализирани 50 % од предвидените градежни работи, а целосно завршување на проекот е предвидено до крајот на годинава. Вкупната инвестициона вредност на овој зафат изнесува 2 милиона евра – изјави министерот Изаири .

Градоначалничката на о. Тетово, Теута Арифи изјави дека напоредно со реализацијата на овој проект е подготвена и техничка документација која е веќе доставена до Министерството за транспорт и врски за добивање на градежана дозвола за изградба на филтер станица. Средствата за оваа фаза се обезбедени од Европската банка за обнова и развој и од о. Тетово.