Изаири и Арифи на средба со жителите на Шипковица

(24.08.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Тетово, Теута Арифи се сретнаа со жителите на тетовското село Шипковица.
На средбата Изаири и Арифи се информираа за проблемите со кои се соочуваат луѓето од ова населено место, за напредокот на активностите за санација на последиците од неодамнешното невреме, како и за акциите кои во најскора иднина треба да се преземат.