Заштита на Преспанското Езеро со помош на ПОНТ и МЕД

drzaven3(09.07.2018г.) Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска присуствуваше на отворањето на локалната канцеларија на Македонското еколошко друштво (МЕД) во Ресен.

Канцеларијата се финансира од страна на Јенсен фондацијата и Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Со ПОНТ Министерството за животна средина и просторно планирање има склучено Договор за соработка .

Во своето обраќање Петровска им порача на присутните претставници на општина Ресен, Хидробиолошкиот завод од Охрид, управите од националните паркови Пелистер и Галичица, донаторската заедница, експертите и граѓанските организации од Македонија, Грција и Албанија, дека присуството на МЕД во регионот е особено важно и дека ќе придонесе за поинтензивна прекугранична соработка и подиректно разбирање на потребите на локалните заедници.

Таа се заложи за обезбедување на потребната политичка поддршка за заштита и на природата и на биолошката разновидност во прекуграничниот биосферен резерват Преспанскио Езеро.