Заменик министерот Макрадули говореше на Министерската конференција за циркуларна економија во Р. Грција

1(08.06.2019г.)Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, учествуваше на Министерската конференција “Пазарни можности за циркуларна економија” (“Market Opportunities for circular economy”), која, како Прва конференција за циркуларна економија, вчера се одржа во Солун, Република Грција.

Во текот на конференцијата, заменик министерот Макрадули имаше свое обраќање во рамки на министерската сесија: Пазарни можности за циркуларна економијана Балканот, на која говореше за тоа како и колку циркуларната економија може да ја подобри економската соработкa во регионот во однос на размена на искуства и дефинирањето на идни заеднички проекти, со цел да се забрза примената на принципите на циркуларната економија.

Притоа, тој ги презентираше позитивните искуства на нашата држава во делот на циркуларната економија, како што се “Суниленс”, “Пакомак”, “7-ми Ноември”, “Титан”, “Везе Шари”, при што се осврна и на подготвената законска регулатива во оваа област.

На конференцијата свои обраќања имаа и министерот за заштита на животната средина на Република Србија Горан Триван, Гувернерот на грчката област Централна Македонија Апостолос Цицикостас, алтернативниот министер за животна средина и енергија на Република Грција Сократис Фамелос, заменик министерот за туризам и животна средина на Р. Албанија Орнела Куки, градоначалникот на Солун Јанис Бутарис  и директорот на ХЕЛЕКСПО, Анастасиос Цикас, а свои излагања имаа и голем број на претставници од бизнис секторот, банкари и експерти од Република Грција.