Завршен настан „Заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро (CSBL)“

1На завршниот настан на проектот „Заштита и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро (CSBL)“ што денеска се одржа во Скопје, беа презентирани резултатите од проектот, имплементиран од страна на германското друштво за меѓународна соработка, ГИЗ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Воспоставување на интегрална заштита на природата и водите како и обезбедување поволна состојба на зачуваност на видовите и нивните природни живеалишта, претставува приоритетна цел на МЖСПП. Со тоа ќе се обезбеди унапредување на имплементацијата на Директивата за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора и Директивата за зачувување на дивите птици, како најважни инструменти на ЕУ за заштита на природата – изјави директорот на Управата за животна средина, Билјана Зефиќ.

На настанот се обратија и раководителот на програмата CSBL Ралф Певелинг и заменик амбасадорот на Република Германија во Македонија, Марко Акватичи.

CSBL се фокусираше на прекуграничната соработка во зачувување на биолошката разновидност, одржливо рибарство и управување со водните ресурси, во согласност со правото на ЕУ.