Еко караванот на Министерството за животна средина и просторно планирање патува низ скопските училишта

Со одржување на еколошки час во ОУ „Кирил и Методи“ во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со УНДП и Милиеуконтакт ја започна кампањата за одбележување на 5 Јуни светскиот ден на животната средина.

Еколошкиот час се одржа во подвижната лабораторија на Министерството, која што популарно е препознатлива како Еко-караван и која што е обновена со помош на Милиеуконтакт. Тема на едукативниот час беа климатските промени, глобалното затоплување, последиците предизвикани од нив, а беа презентирани и инструменти за собирање на валидни податоци за процесите што се случуваат во животната средина, а преку кои добиваме појасна слика за промените во климата.

На крајот на часот младите екологисти заедно со нивните наставници, дадоа низа идеи за тоа како може секој поединец со малку напор и промена во секојдневното однесување да и помогне на планетата Земја.