Економски форум во Виена: РСМ најкооперативна држава во 2019 г

forum_Viena_Nuredini(20.11.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на 16 -от Економски форум „ Од планирана кон пазарна економија – 30 години по паѓањето на железната завеса“, што во изминативе два дена се одржа во Виена, Австрија. Форумот ги ги собра политичарите и претставниците на бизнис заедницата од 34 држави во регионот.

Се дискутираше за можностите и перспективите за регионално поврзување и развивање на економиите .

„Еден регион – една економија е идејата во која што ја гледам иднината на регионот“ рече министерот Нуредини во своето обраќање на форумот. На министерот Нуредини на овој свечен настан му беше врачена годишната награда „Република Северна Македонија – најкооперативна држава во 2019 г. “