Доделени средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2017

Денеска, министерот за животна средина и просторно ланирање Садула Дураки и градоначалниците на 12 општини потпишаа договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација за изградба на водоводни и канализациони системи и за регулација на речните корита. Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

Potpisuvanje_soopstini_Duraki4- Во оваа област се предвидени вкупно 43 милиони денари и истите се доделени на 12 општини, за 14 проекти. Со тоа Министерството за животна средина и просторно планирање настојува и финансиски да ги помогне локалните самоуправи во делот на управување со водите со што се обезбедува не само почиста животна средина, туку и директно се влијае врз здравјето на жителите – истакна министерот Дураки.

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина  за  2017 година средствата се распределени за проекти во 4 области: за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите; за заштита на природата и биолошката разновидност; за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна средина; и за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

Потпишани се договори со:

  • Општина Желино за Изградба на фекална канализациона мрежа во нм Желино;
  • Општина Теарце за Изработка на документација за одведување на отпадни води;
  • Општина Дебар за Атмосферска канализација (цевковод за прифаќење на водите од Ваковска река), Дебар;
  • Општина Василево за Изработка на техничка документација за канализација во с.Добрашинци;
  • Општина Куманово за Изработка на техничка документација за канализациона мрежа за с.Табановце, Сопот и Четирце;
  • Општина Гостивар за Продолжување со изградба на фекална канализација во н.м. Дебреше;
  • Општина Брвеница за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за н.м.Долни Челопек, општина Брвеница;
  • Општина Липково за Регулација на речно корито на Слупчанска река;
  • Општина Пласница за Фекална канализација за дел од н.м. Долна Пласница, помеѓу река Треска и регионален пат Прилеп-Кичево;
  • Општина Крива Паланка за Доизградба на регулација на Скрљавски Дол;
  • Општина Струмица за Регулација на порој Свети Илиски на потег од базна преграда до улив во река Водочница;
  • Општина Струмица за Регулација на порој Крушевска Република на потег од ул.Климент Охридски до улив во река Тркајна со партерно уредување околу каналот;
  • Општина Струмица за Изработка на техничка документација за проект Главен фекален колектор за новоурбанизирани урбани блокови во Струмица бр.35-42;
  • Општина Ранковце за Изработка на инфраструктурен проект за канализациона мрежа за отпадни води во н.м. Опила.