Во Куманово одбележан 11 Октомври

(11.10.2015г.) Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски присуствуваше на свеченоста која, по повод одбележувањето на 74 годишнината од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија, се оддржа во Куманово.
Во таа прилика, заменик министерот, како дел од владината делегација, положи свежо цвеќе на Спомен Костурницата во овој град.
Почест на паднатите борци оддадоа бројни делегации предводени од Сојузот на борците, од општина Куманово, од кабинетот на претседателот на Ррпублика Македонија, Собранието, Владата, АРМ, МВР, Советот на општината, како и установи и институции кои го носат името 11 Октомври, политички партии и граѓански здруженија.