Вонреден инспекциски надзор на дежурните испекциски екипи по пријавено загадување на река Серава

(18.01.2020г.) Во утринските часови од страна на граѓани забележано и пријавено е загадување во река Серава Карпош. Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со Овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ке се констатира фактичката состојба на терен.

Подетални информации по однос на инцидентот ке се споделат со јавноста по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.

Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија који го нарушуваат здравјето и животна средина, затоа што целта ни е заедничка.