Билатерална средба на државните секретари за животна средина од Р. Северна Македонија и Р. Србија

DrzavenSekretar1(07.06.2019г.) Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, денеска, оствари средба со државниот секретар за заштита на животната средина во Р. Србија, Иван Кариќ и раководителите на секторите за заштита на природата, за климатски промени, за хемикалии и издустриско загадување и со српскиот координатор на преговарачкиот тим за Поглавје 27.

Средбата се реализира во рамки на третиот Конгрес на зелена економија (Green EconomyCongress – GEC) што вчера и денес се одржува во Белград, Р. Србија.

Притоа, Петровска и претставниците од Р.Србија разговараа за продлабочување и интензивирање на меѓудржавната соработка од заеднички интерес во областа животна средина, во пресрет на претпристапните преговори на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваше и пратеничката Лилјана Поповска.