Амети: Македонски шуми да го следат растот на дрвцата

slider-den-na-drvo(30.11.2016г.) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети во придружба на градоначалникот Фатмир Дехари , се вклучи во  акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина со засадување на повеќе зимзелени дрва во кругот на двете средни училиштата „Мирко Милески“ и „Дрита“ во Кичево.

-Во рамките на акцијата Денот на дрвото -Засади ја својата иднина, на целата територија на Македонија ќе се засадат над 2,5 милиони дрвца. Мене ми е голема чест што сум денес гостин на градоначалникот на општина Кичево, од каде ќе следам како се одвива оваа акција. Апелирам до граѓаните што помасовно да се вклучат во оваа акција, а екипите на Македонски шуми и јавните претпријатија да ги следат и да ги обучат граѓаните за правилно засадување на дрвцата. Исто така, апелирам до професионалните екипи на Македонски шуми да го следат растот на овие дрвца, бидејќи суштината на оваа акција не е само да бидат засадени овие дрвца, туку да се следи нивниот раст и развој- рече Амети.

Во  општина Кичево ќе се засадат над 100.000 дрвца, од кои во урбаниот дел на Кичево ќе бидат засадени 12.500 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, но и во околината на кичевско.