Шпанија: Европската конференција за Екосистемски услуги

Makraduli_SpanijaЗаменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, со претставници од Сектор за природа учествуваат на Европската конференција за Екосистемски услуги, која од 15 до 19 октомври 2018година, се одржува во Сан Себастијан, Шпанија.

На конференцијата, околу 450 делегати учествуваат на повеќе од 40 сесии на кои ќе се презентираат повеќе од 400 научни трудови.Фокусот на Конференцијата е на врската помеѓу науката и практиката на екосистемските услуги во Европа.

На маргините на настанот, заменик министерот Макрадули имаше состанок со Елена Морено, заменик министер за животна средина на Баскиската Влада, на кој разговараа за предизвиците во воведувањето на екосистемските услуги во политиките на животната средина, со посебен осврт за заштитените подрачја, како и имплементацијата на европските политики околу Натура 2000.

МЖСПП во рамки на тековниот проект: „Програма за зачувување на природата -втора фаза“ кој е финасиски поддржан од Швајцарската Влада, веќе активно работи на мапирање на екосистемските услуги во нашата држава.