Форум: Предизвици во имплементацијата на Европската конвеција за предел – Културното наследство пределот

makraduli_1Денеска, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули се обрати на форумот „Предизвици во имплементацијата на Европската конвеција за предел – Културното наследство пределот“, организиран со цел да ги поттикне активностите на надлежните субјекти околу спроведувањето на Европската Конвенција за предел, која е потпишана и ратификувана од страна на Република Македонија.

- Евидентно е дека Република Македонија полека, но сигурно чекори во насока на остварување на целите на Европската конвенција за пределот – истакнаМакрадули во своето обраќање.

Според него,на културната карта на Република Македонија, регистрирани се недвижни споменици на културата со извонредни културно–историски вредности,од кои најголем дел се градени во предели со посебни природни вредности штоја потврдува нераскинливата врска помеѓу природното и културното наследство.

Покрај Макрадули, на Форумот се обратија и Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, и претседателот на ИКОМОС Македонија, д-р Лазар Шуманов, а странски и домашни експерти презентираа позитивни искуства од областа на заштитата на културното и природното наследство.

Настанот е во организација на Националниот комитет на ИКОМОС во Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје.