Скопје со традиционално велосипедско дефиле го одбележа Денот без автомобили  

067(21.09.2018г.) Денеска Градот Скопје ги затвори најпрометните сообраќајници во центарот на Градот и ги отвори за над 2500 велосипедисти,граѓани, ученици, рекреативци и вљубеници во велосипедизмот – учесници на велосипедското дефиле со кое се одбележа  „Денот без автомобили 2018“.

Во дефилетона велосипедистите им се приклучија заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, евроамбасадорот Самуел Жбогар, дел од дипломатскиот кор во Македонијаи други видни личности од општествениот живот на Скопје.

Велосипедското дефиле заврши кај Школката во Градски парк каде беше организирана лотарија за учесниците и на повеќе среќни добитници им беа доделени велосипеди, тротинети и дополнителна опрема за велосипедистишто ги обезбедија Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Титан Цементарница Усје .

Дефилето е спроведено во рамки на Европската недела на мобилност која се одбележува во 13 градови во државата и во 2686 градови во Европа, од 16-22 септември, под мотото „Комбинирај и движи се“.

Со различни содржини и настани Неделата се одбележува и во Велес, Берово, Битола, Пробиштип, Неготино, Лозово, Нов Дојран, Струмица, Охрид, Крива Паланка, Гевгелија и Куманово.

Ова Европска иницијатива е поддржана од  Делегацијата на ЕУ во Македонија и ЕУ Инфо Центарот, Скопје.