Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

Sredba_MZSPP_Jugohrom_3Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека веќее во тек реализација на три јавни набавки за обновување на пречистителната станица за редукција на шестовалентиот хром во Југохром, Јегуновце, и тоа за нови резервоари за пречистителната станица, за одржувањето на системот и за далечинско управување.

Пречистителната станица за прочистување на загадените води со шестовалентен хром во околината на Јегуновце, поради дотраеност, во изминатиот период не работеше во полн капацитет. Заради исклучителното значење на прочистувањето на шестовалентниот хром и спречувањето на истекување или прелевање на загадената вода, Министерството направи дополнителни напори и одвои средства за покривање на трошоците за реконструкција на инсталацијата. Реконструтивните работи (реконструкција на заштитно корито под резервоарите и поставување на нови резервоари) треба да завршат до средината на месец ноември.

Заради увид на состојбата на терен, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, придружен од државниот секретар Каја Шукова, оствари посета на ДПТУ Југохром АЛЗАР, каде се сретна со раководството на компанијата и вработените во пречистителната станица.

Од таму беа информирани дека во процесот на реконструкција се следат состојбите во и околу депонијата и резервоарите со отпадната вода.