Работна средба на министерот Дураки со Советникот во канцеларијата на извршниот директор на Светска Банка во Вашингтон

(01.11.2018) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со новиот Советник во канцеларијата на извршниот директор на Светска Банка во Вашингтон, Нина Фити Неделковска.

На состанокот, Неделковска се запозна со тековните и идни активности и проекти на Министерството, по што соговорниците развија активна дискусија за можностите за унапредување и подобрување на квалитетот на соработката меѓу двете институции.