Прес конференција: Заменик министер Јани Макрадули

6Почитувани, дозволете со Вас да ја споделам честа, што во име на министерот Садула Дураки и Министерството за животна средина и просторно планирање денес имам можност да објавам дека ќе ја дореализираме големата хуманитарно-еколошка акција “Едно Капаче-Една Надеж”. Уште кога беше објавено дека постојат сериозни проблеми во транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните капачиња, Министерството  се обиде и најде решение како да  помогне оваа убава, едукативна, хумана и веќе широко распространета акција да опстане.

Имено, покренувајќи ги сопствените ресурси и ресурсите на нашите партнери од бизнис заедницата го дефиниравме моделот кој ќе овозможи непречен тек на активностите. Кон акцијата се приклучија:

- Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак, која ќе се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња и

- Компанијата за рециклирање СНС Ре-Пласт која ќе ги преземе и ќе ги рациклира капачиања.

Како и што беше замислено, за сметка на сопбраните капачиња ќе бидат донирани инвалидски колички, а се решивме тоа да биде Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“.

DSC_0711Возобновената акција, симболички ја нарековме „Едно капаче-Една надеж +“.

Покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има исклучитечно високо еколошко ниво, и би сакал да ја истакнам подготвеноста на владата за поддршка на домашните компании кои го менаџираат отпадот.

Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните треба да ја пријават локацијата и контакт лице на фејсбук страницата

https://www.facebook.com/ednokapaceednanadezplus/ .

линкот е достапен и преку Веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање:

www.moepp.gov.mk

5За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за комуникација со јавност на МЖСПП на следниот телефонски број: 03/3225 237.

Министерството за животна средина и просторно планирање верува дека акцијата ќе продолжи и во наредната година, а самото министерство е спремно да се вклучи уште од самиот почеток.

Во исто време го поздравувам досеагашниот ангажман на сите чинители вклучени во оваа хумана акција, пред се Македонската медицинска студентска асоцијација која ја иницираше и ентузијастички ја спроведуваше оваа акција уште од 2013 година, потоа сите хумани деца, ученици, наставници, граѓани, компании и фирми кои собирајќи ги капачињата покажаа како грижата за животна средина може да стане хумана и да биде остварување на нечија надеж.