Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини со Директорот на Германската Банка КфВ, г-дин Рене Ешеман

Nuredini_Esheman_2На 13 август, 2019 година министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со директорот на Германската Банка КфВ, г-дин Рене Ешеман.

На средбата се дискутираше за досегашната поддршка и соработка од страна на Владата на Германија, како и за имплементираните и тековни проекти каде КфВ Банката учествува како партнер.

Во заложбата за понатамошно развивање на соработката, министерот Нуредини ги претстави предизвиците кои се пред нас, особено во делот за управување со отпад (рециклирање), станици за пречистување на отпадни води и заштита на природата во Охридско-Преспанскиот регион.

Директорот Ешеман ја потврди спремноста за поддршка во реализација на активностите на Република Северна Македонија во исполнување на барањата за членство во Европската Унија за Поглавјето 27 , преку достапност на средствата што се на располагање од КфВ Банката.