Остварена средба на министерот за животна средина Дураки со евроамбасадорот Жбогар

(22.02.2019) Mинистерот за животна средина Садула Дураки денеска, oствари работна средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогари. На средбата се разговараше за унапредување на соработката што Министерството за животна средина и просторно планирање  ја има со Делегацијата на Европската Унија во областа животна средина во време на откочување на ЕУ преговорите и особено во претстоечкиот скрининг на Напредокот на Република Северна Македонија во Поглавјето 27 кое се однесува на животната средина.

На средбата беа разменети информациии досегашната реализација на проектите подржани преку ИПА програмите, како и подготвеноста таа соработка во претстојниот период да се интензивира.