Остварена средба на министерот Дураки со финскиот амбасадор Иконен

(19.07.2017г) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Финска во Република Македонија, Н.Е. Перти Иконен.

На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка меѓу двете државии новите развојни перспективи од областа животна средина кои ќе се отворат со понатамошно споделување на позитивните искуства меѓу двете страни.

Посебен акцент беше ставен на успешно имплементираните твининг проекти од областа на воздухот во Р. Македонија, каде главен партнер беше Финска, преку Финскиот метеоролошки институт.