Османи и Дураки во посета на општина Дебар

Duraki_debar1(21.07.2018) Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ја посетија општина Дебар.
Во рамки на посетата, тие остварија средба со градоначалникот на општината Ружди Љата, при што разговараа за тековните проекти во општина Дебар, за идните планирани активности, а беа разменети мислења и во врска со започнувањето на нови проекти кои би се финасирале од страна на ИПА Програмата согласно потребите на општината.

Вицепремиерот Османи изјави дека како главен преговарач за скрининг процесот со ЕУ токму денеска од Дебар го почнал карванот за европеизација на државата и општеството.

- Ова е моја прва теренска активност по назначувањето од страна на Владата за главен политички преговарач и карванот за европеизација на државата и општеството, го почнувам токму од Дебар. Тука видов дека има капацитет, капацитет има и во Владата и подготвени сме енергијата која се ослободи по добивањето покана за членство во НАТО целосно да ја насочиме кон остварувањето на обврските.

Сметам дека нема да остави индиферентен никого и ќе бидеме дел од таа консензуална желба на граѓаните да бидеме дел од ЕУ и НАТО, рече Османи.
По средбата во просторите на општината,владините претставници и градоначалникот извршија увид на новоизградените инфраструктурни проекти во Дебар.