ОГЛАС бр. 9/2018

Врз основа на членот 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ” бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15), a во врска со член 22 став (8) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ” бр. 27/14, 199/14, 27/2016 и 35/2018),Министерство за животна средина и просторно планирање објавува

ОГЛАС  бр.  9/2018
за вработување на 1 (еден)  извршител во  Министерство за животна средина и просторно планирање на определено време

Министерство за животна средина и просторно планирање објавува  оглас за вработување на определено време на 1 (еден)  извршител во времетраење до 31. 12. 2018 година на следнава позиција:
 

1. За работно место –Советник за програмирање во рамките на  инструментот за претпристапна помош ИПА

-1 (еден) извршител 

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

  • Ниво на стручни квалификации VI А или ниво на квалификации VII/1 степен
  • aктивно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
  • вид на образование – Градежништво и водостопанство, Економски науки, правни науки
  • активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
  •  работно време: понеделник – петок од  07.30/08:30 до 15.30/16:30 часот
  •  нето плата: 24.998,00 денари
  • најмалку три години работно искуство во струката

Заинтересираните кандидати потребно е да достават пријава (писмо за интерес), кратка биографија на македонски јазик, копија од диплома или уверение за завршено  високо образование, доказ за познавање на трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, и доказ за работно искуство

МЖСПП се стреми да обезбеди правична застапеност на жените и малцинствата во сите нејзини активности, и ги охрабрува сите кандидати кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите да аплицираат на овој oглас.

Пријавите со документите за исполнување на условите да се достават по пошта до Министерство за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета богоридица број 3  или лично во архивата на Министерството (Плоштад Пресвета Богородица број 3 кат 2), со назнака за оглас бр. 9/2018 година.

Рок на пријавување 5 дена сметано од денот на објавување.

Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана. На интервју ќе бидат повикани само кандидатите што ги исполнуваат условите. Сите пријавени кандидати ќе имаат еднакви можности да бидат примени во согласност со нивните способности, образование и личен капацитет.