Напредок на проектот за интегрирано управување со цврст отопад во Полошкиот регион

rabotilnica_poloski region(09.10.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше во работилницата „Управување со цврстиот отпад во Полошкиот Регион, Фаза I“ наменета за градоначалниците од деветте општините од овој регион, која денес се одржа во Тетово. Тема на работилницата беше разгледување на статаусот на реализација на проектот за интегрирано управување со отпад  во Полошкиот Регион, кој што се спроведува софинансиска поддршка од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања СЕКО.

Покрај степенот на реализација на проектот, на работлницата беше презентиран и Регионалниот план за управување со отпад за Полошкиот регион, како и понатамошните чекори за усвојување на планскиот документ.

Како посебно прашање беше разгледано прашањето за формирање на Регионално јавно претпријатие за управување со депонијата Русино. На работилницата се потврди дека во врска со последново од страна на советите на општините ќе треба да се донесат соодветни одлуки за формирање на комисија за изработка на документацијата на претпријатието, статутот и телата на претпријатието, како и други соодветни одлуки.