Министерот Дураки оствари работна средба со високите претставници на ЕЕА

duraki_eea1(14.06.2018г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со високите претставници од Европската агенција за животна средина (ЕЕА) предводени од извршниот директор проф. д-р Ханс Брунинкс.

На средбата се разговараше за улогата на ЕЕА во правец на обезбедување на квалитетни и интегрирани податоци за животна средина, индикатори, проценки и тематски анализи, со цел да се обезбеди солидна база на решенија за политики во животната средина во ЕУ. При тоа, соработката ги опфаќа не само државите членки, туку и државите кандидати и потенцијални кандидати, и оние кои се опфатени со Европската соседска политика.

Посебен акцент беше ставен на долгогодишната соработка со Македонски информативен центар за животна средина која беше оценета со највисоки оценки, а Република Македонија во овој дел е оценета како една од најдобрите во регионот.

Двете страни се заложија за продолжување и унапредување на соработката особено во услови на унапредување на предпристаните процеси кон Европската Унија.

Средбата е во рамки на третата официјаната посета на Република Македонија од страна на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).